Њукасл го комплетираше второто засилување во летниот преоден рок, станува збор за досегашниот голман на Барнли, Ник Поуп.
Категорија: Англија 23.06.2022 21:37
Ник Поуп важи за еден од најдобрите голмани во Премиерлигата, Барнли испадна во Чемпионшип, но тој останува да брани во најдобрата англиска лига.
Њукасл го комплетираше неговиот ангажман, трансферот е вреден 10 милиони фунти.
Ник Поуп заедно со Мартин Дубравка ќе се борат за првата голманска позиција во Њукасл.
Поуп е второто засилување за Њукасл во летниот преоден рок, по левиот бек Мет Таргет.
Introducing our newest recruit…
— Newcastle United FC (@NUFC) June 23, 2022
Welcome, Nick Pope! pic.twitter.com/KE6411SMtU