24фудбал

Реал Мадрид се префрли од Ауди на БМВ

Реал Мадрид се одлучи за промена на еден од главните спонози на клубот, Ауди заминува во историја, а на негово место доаѓа БМВ.

Шпанија

Ауди беше еден од главните спонзори на Реал Мадрид од 2003 година, но од 1 јули нема веќе да биде дел од кралскиот клуб. Договорот им истекува на 30 јуни и двете страни одлучи да не ја продолжат соработката.

Но, заминувањето на Ауди не значи спонзор помалку за Реал Мадрид, според „Марка“, постигнат е договор со БМВ кој треба да биде објавен следниот понеделник.

Се уште не се познати деталите од договорот меѓу Реал Мадрид и БМВ, повеќе информации се очекуваат по официјалната промоција.