24фудбал

Готово е, Погба се враќа во Јувентус

Според Фабрицио Романо, Јувентус и Пол Погба денеска ги договориле деталите за враќањето на Французинот, на почетокот од јули зделката ќе биде комплетирана.

Италија

Денеска се одржал завршниот состанок меѓу двете страни, договорот е подготвен за потпис.

Пол Погба на почетокот од јули ќе отпатува во Торино на медицински прегледи и да го потпише договорот.

Погба имаше и други понуди, но негова желба беше да се врати во Јувентус.

Јувентус пред десет години го потпиша Погба како слободен фудбалер од Манчестер јунајтед, па им го продаде за 100 милиони евра, а сега повторно го потпишува за беспари.