24фудбал

ФИФА потврди, на Светското првенство репрезентациите ќе имаат по 26 фудбалери

ФИФА одлучи на Светското првенство во Катар, репрезентациите да имаат по 26 фудбалери и селекторите да можат да направат по пет замени во текот на мечот.

СП 2022

Во минатото репрезентациите имаа по 23 фудбалери, но тој број се зголеми за тројца поради загриженост од позитивни случаеви на корона.

Таквата пракса почна од Европското првенство за кое УЕФА дозволи 26 фудбалери од кои 23 ќе можат да бидат на натпреварите.

Сега ФИФА ќе дозволи сите 26 фудбалери да бидат на натпреварот, 15 замени и 11 стартери.

На Мундијалот во Катар ќе продолжи практиката која беше воспоставена на големите натпреварувања во текот на пандемијата, тренерите да може да прават по пет замени во текот на мечот.