24фудбал

Најголемо изненадување ова лето, Барса го враќа Луис Суарез?!

Според пишувањата на Спорт, Барселона стапила во контакт со Луис Суарез и му понудила да се врати на Камп Ноу.

Шпанија

Луис Суарез пред две години на мала врата си замина од Камп Ноу, Роналд Куман го отпиша напаѓачот и го остави да тренира сам со цел да го натера што побрзо да го напушти клубот.

Како што пренесува Спорт, Барселона сега размислува за враќање на Луис Суарез и веќе бил остварен контакт со Уругваецот.

„Каталонците“ побарале од Луис Суарез да почека до август бидејќи Роберт Левандовски е приоритет.

Напаѓачот се заблагодарил за понудата, но со оглед на тоа дека има предлози од Севиља, Виљареал и Ривер Плата, не може да чека толку долго.