24фудбал

Официјално: Бојан Миовски се сели во Шкотска, потпиша за Абердин

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски од МТК Будимпешта се сели во шкотското првенство откако стави потпис на договор со Абердин.

Македонија

Бојан Миовски кој постигна два гола за Македонија против Гибралтар, обезбеди одличен трансфер.

„Може да потврдиме дека ги договоривме личните услови со Бојан Миовски кој ќе се приклучи во клубот на четиригодишен договор од МТК Будимпешта“, стои во соопштението на Абердин.

22-годишниот Миовски пред да се пресели во Абердин, две години играше за МТК, а во македонското првенство играше за Ренова, Македпнија ЃП, Работнички и Брегалница.