24фудбал

На Интер не му се допаднаа зборовите на Чалханоглу, Турчинот може да биде казнет

Газета дело Спорт пренесува дека Интер може да го казни Хакан Чалханоглу за интервјуто кое го даде фудбалерот за Тивибу Спор.

Италија

Хакан Чалханоглу може да се најде во проблеми поради интервјуто за Тивибу Спор, наводно на раководството на Интер не им се допаднале одредени коментари, поточно изјавата за Златан Ибрахимовиќ и тоа што Турчинот го впери прстот кон тренерот Симоне Инзаги за поразот во дербито на Милано.

Фудбалерот од средниот ред дури мораше и да појаснува дел од изјавата: „Очигледно моите зборови се погрешно разбрани. Никогаш не сум критикувал ниту еден тренер, особено не господинот Инзаги за кого сметам дека е одличен тренер, кој силно ме посакуваше во Интер и ми даде голема самодоверба. Тој има голема заслуга за нашата добра сезона и двата освоени трофеи“.

Но и покрај ова, како што пренесува Газета дело Спорт, Хакан Чалханоглу може парично да биде казнет од Интер.