Според италијанските медиуми, Пауло Дибала нервозно чека да потпише со нов клуб, Интер засега му ја затвори вратата, интерес има од Реал и Атлетико Мадрид, но ситуацијата не е едноставна.
Категорија: Италија 23.06.2022 10:34
Дибала неколку месеци беше во преговори со Интер, но преговорите сега се стопирани. Нероазурите се посветија на враќањето на Лукаку од Челси.
На Интер не му се брза со Дибала, а за повторно да ги активираат преговорите ќе треба да продадат некој од своите фудбалери.
Се шпекулира и за интерес од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но и таму ситуацијата е иста, двата клуба треба прво да продадат некој играч за да го ангажираат Дибала.
Рома и Милан исто така ја следат ситуацијата. Римскиот клуб е можеби последна опција за Дибала затоа што тој сака да игра во Лигата на шампионите, а росонерите не можат да му ја дадат платата која ја бара.