24фудбал

Зидан раскажа како на салфетка бил договорен неговиот трансфер во Реал Мадрид

Зинедин Зидан раскажа како бил договорен неговиот трансфер во Реал Мадрид, пишал ДА на салфетка на гала вечера во Монако.

Шпанија

Легендарниот Зинедин Зидан денес полни 50 години, па Французинот седна на интервју со Л’Екип и говореше на многу теми.

За неговиот трансфер во Реал Мадрид тој вели: „Беше неверојатно, со сите тие нули. Јувентус имаше право да побара колку што мисли дека треба да побара, а Реал да плати. Имав 29 години, големо искуство, но ми фалеше настап во Реал Мадрид. Ми беше потребен ваков голем трансфер за кариерата да ми се искачи на едно повисоко ниво. Во Јувентус поминав пет години, освоив сè освен Лигата на шампионите, па ми требаше нов предизвик“.

„Нема никогаш да ја заборавам првата средба со Флорентино Перез, се сретнавме во Монако. Се беше договорено на првата средба, немаше втора или трета. Флорентино Перез не е човек кој се шегува, кога ќе рече „Ајде да го сториме ова“, го прави тоа“.

„Имам една анегдота на која се смејам до ден денес. Бевме на голема маса на гала веечрва во Монако. Бев поканет да добијам награда и седевме еден до друг. Тој ми подаде салфетка на која пишуваше, „Дали сакаше да дојдеш во Реал?“. Јас на салфетката напишав, „ДА“. Се уште не ми јасно зошто напишав „ДА“ на англиски. Можев да напишам „ДА“ на француски, тој зборуваше француски. Можев да напишам „ДА“ и на шпански. Така започна се...“