24фудбал

Чалханоглу вели дека Интер е многу посилен од Милан и го пецна Ибра: Не даде никаков допринос за Скудетотo

Хакан Чалханоглу не жали за изборот да го замени Милан со Интер и одговори на провокациите од Златан Ибрахимовиќ кога „росонерите“ ја славеа титулата во Серија А.

Италија

Хакан Чалханоглу по четири години во Милан, минатото лето го напушти клубот и се пресели во лутиот градски ривал Интер.

„Одлуката не беше лесна, се работи за истиот град само други бои, но ми се укажа шанса да потпишам за шампионот на Италија. Потоа мојот поранешен клуб го освои Скудетото и се чини дека јас сум виновен. Мислам дека имав добра сезона, дадов допринос со добар број на погодоци и асистенции. Ми помага многу поддршката на фановите. Четири години играв во Милан и фановите ниту еднаш не ми го скандираа името. Во Интер, тоа се случува дури и на загревањето пред натпреварите“ – вели Турчинот.

Кога изврши предавство, Хакан Чалханоглу рече дека го сторил тоа за да стигне до Скудетото, па фудбалерот сега беше цел на провокации, Златан Ибрахимовиќ беше задолжен за мајтапот на прославата на титулата.

„Ибрахимовиќ има 40 години, а не 18. Не би правел такви работи на таа возраст. Тој едноставно сака да биде во центарот на вниманието. Не даде никаков допринос за Скудетото оваа сезона, едвај играше, но ќе направи се само за да биде во фокусот“.

Тој потоа додаде: „Интер е многу посилен од Милан. Загубивме на дербито, работите се променија во 75. минута откако јас и Перишиќ излеговме од игра. Водевме 1-0 и потоа загубивме со 1-2. За ова одредена вина носи и тренерот, и му го кажав тоа“.

„Во полуфиналето од Купот на Италија, го победивме Милан со 3-0“.