24фудбал

Поради една клаузула, ПСЖ не само што не може да го продаде Нејмар, туку ќе му го продолжи договорот

Според „Л'Екип“, Нејмар има клаузула во договорот со ПСЖ која на 1. јули автоматски ќе му го продолжи договорот до јуни 2027 година.

Франција

Во интервју за „Ле Паризиен“, Насер Ал Келаифи ниту ги демантираше, ниту ги потврди гласините дека сакаат да го продадат Нејмар, но рече дека завршиле со луксузот и сега ја менуваат стратегијата.

Таквиот став на претседателот на ПСЖ уште толку ги подгреа гласините дека сакаат да се ослободат од Нејмар, но доколку е вистина тоа што го пишува „Л'Екип“, ќе имаат проблем.

Според францускиот весник, Нејмар има клаузула во договорот кој го потпиша пред година и пол, дека овој 1 јули, договорот автоматски ќе му биде продолжен до 1 јули 2027 година. Без таа клаузула, договорот му истекува на 1 јули 2025 година.

Проблем за продажба на Нејмар е огромната плата која ја добива, тој е најплатен фудбалер на ПСЖ, и никој друг клуб не би му ја дал сумата која му ја дава францускиот клуб.

Со клаузулата тој ќе си обезбеди да добива богатство до јули 2027 година, па тешко е за верување дека на своја волја би сакал да замине од ПСЖ и да се пресели во клуб каде би добивал неколкупати помала плата.