Шкупи и Фенербахче одиграа нерешено 2-2 во пријателскиот натпревар, македонскиот шампион двапати имаше водство.
Категорија: Македонија 22.06.2022 21:30
Шкупи поведе со гол на Адетунџи во 12. минута, но само три минути подоцна Линколн Енрике даде гол за израмнување. На стартот од второто полувреме Адетунџи повторно даде гол и донесе ново водство за својот тим, но на седум минути до крајот Мохамед Гумушкаја израмни на 2-2, што беше и конечен резултат.
За најдобриот играч на Шкупи, Сандеј Адетунџи ова можеби се и последните натпревари за македонскиот тим, интересот за него е голем, па голема е веројатноста да направи трансфер ова лето.