24фудбал

И Кан останува на својот став: Го чекаме Левандовски на подготовки

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан вели дека нивниот став за иднината на Роберт Левандовски останува непроменет, тој нема да замине во Барселона.

Германија

И покрај големиот допринос за Баерн Минхен кои го имаше со многуте голови секоја сезона, германскиот клуб нема милост за Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач очајно сака да замине, но Баерн Минхен игра тврдо и не го пушта. 

Претходно Хасан Салихамиџиќ рече дека Лева ќе остане, а сега истото го потврди и Оливер Кан.

„Ситуацијата не е променета. Тој има договор до јуни 2023 година. Тука во Баерн ние го чекаме на првиот ден од подготовките“, изјави Кан.