24фудбал

Рома ќе има добар попуст за Фратези поради договор од 2017 година

Директорот на Рома, Тијаго Пинто денеска имал средба со адвокатот на Давиде Фратези на која биле договорени личните услови со фудбалерот, сега треба да се договори висината на обесштетувањето со Сасуоло.

Италија

Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Давиде Фратези е една од желбите на Жозе Мурињо во летниот преоден рок.

Според „Скај Спорт Италија“, денеска е постигнат договор меѓу Рома и Фратези кој треба да биде со трајност до јуни 2027 година.

Интересно, Фратези е фудбалер од школата на Рома која во 2017 година му го продаде на Сасуоло за 5 милиони евра, а поради тоа можат да добијат попуст.

Во тогашниот договор меѓу Рома и Сасуоло, стои дека римскиот клуб треба да добие и 30 проценти од идниот трансфер на Фратези.

Сумата која ја бара Сасуоло е 30 милиони евра, а поради договорот од 2017, Рома на таа сума би требало да добие попуст од 30 проценти.

22-годишниот фудбалер во минатата сезона даде четири гола, имаше и четири асистенции во 36 меча во Серија А, а заработи и три настапи за италијанската репрезентација.