24фудбал

Интер го стави Дибала на стенд-бај, Милан чека шанса од сенка

Медиумите од Италија пренесуваат дека преговорите помеѓу Интер и Пауоло Дибала тапкаат во место, Аргентинецот исто така се поврзува со Милан, но ќе треба значително да ги намали барањата за плата.

Италија

Минатата недела на големо се пишуваше дека Пауло Дибала е на чекор до Интер, но последните информации велат дека „нероаѕурите“ го ставиле Аргентинецот на стенд-бај.

Откако падна договор со Челси за враќање на Ромелу Лукаку, Интер пред да го донесе Пауло Дибала, ќе треба да се ослободи од двајца напаѓачи. Алексис Санчез е прв на излезна врата, а друштво ќе му прави еден од Един Џеко и Анхел Кореа.

Но ова не е единствениот проблем, провизијата за агентот како и бонусот за потпис исто така се пречка за реализирање на зделката.

До крајот на неделата, Интер ќе има нова средба со агентот на Аргентинецот и ќе побара трпение, но и да ги намалат барањата за плата, бонуси и провизии.

Во исто време се шпекулира дека Милан ја чека својата шанса од сенка, „росонерите“ се подготвени да го ангажираат Пауло Дибала, но играчот ќе треба значително да ги намали барањата за плата.

Доколку до средината на јули Пауло Дибала не се договори со Интер и нема други реални алтернативи, Милан ќе тргне во офанзива.