24фудбал

Ренато Санчез е минато за Милан, росонерите сега имаат нова цел

Ренато Санчез долго време се посочуваше како важна трансфер цел на Милан, но росонерите не сакаат да ја платат бараната сума на Лил, па последните информации се дека тргнуваат по Хамед Жуниор Траоре од Сасуоло.

Италија

Милан ги имаше договорено личните услови со Ренато Санчез, но не успеа да се договори со Лил. Росонерите не сакаа да дадат повеќе од 15 милиони евра, па фудбалерот веројатно ќе заврши во ПСЖ.

Според „Газета дело Спорт“, Милан сега има нова цел, се работи за Траоре од Сасуоло.


22-годишниот играч може да го чини Милан и повеќе од цената на Траоре, неговата вредност се проценува на 25 милиони евра, но предноста е што може да игра на повеќе позиции.

Траоре постигна осум голови и имаше четири асистенции во 32 меча за Сасуоло. Тој може да игра зад напаѓачите, длабоко во средината на теренот и како лево крило.

За него интерес има и од Наполи.