24фудбал

Лукаку се откажа од 4 милиони евра годишно, само за да се врати во Интер

Ромелу Лукаку наскоро и официјално ќе ја комплетира позајмицата од Челси во Интер, за да се случи таа тој прифати значително намалување на платата.

Италија

Заминувањето на Ромелу Лукаку од Интер во Челси се покажа како огромна грешка за белгискиот напаѓач.

Тој се полакоми по големата понуда која ја доби од Челси, го прекрши ветувањето до навивачите на Интер дека нема да замине и потпиша за сините. Но само неколку месеци подоцна се покаја и очајно посакуваше да се врати во Милано.

Ова лето тоа ќе се случи, а Лукаку толку силно го посакуваше тоа што прифатил огромно намалување на платата.

Во Челси добиваше 12 милиони евра годишно, а сега во Интер ќе игра за 8 милиони евра по сезона. Тоа значи дека тој жртвуваше цели 4 милиони евра годишно само за да се врати во Италија.