24фудбал

Ришарлисон смета дека е време за разделба со Евертон, три лондонски клуба се заинтересирани за него

Бразилската ѕвезда на Евертон, Ришарлисон сака ова лето да се пресели во поголем клуб, смета дека ги надрасна карамелите кои минатата сезона водеа жестока битка за опстанок.

Англија

Ришарлисон смета дека е вистинско време да го напушти Евертон, тој сака преселба во поголем клуб со цел да си го подобри статусот во националниот тим на Бразил.

Интерес за него има од лондонските клубови, Арсенал, Челси и Тотнем.

Но, сите три клуба се поврзуваат и со други напаѓачи како што се Габриел Жесус, Рахим Стерлинг... па останува да видиме дали ќе стигне соодветна понуда од некој и за Ришарлисон.