24фудбал

Минамино заминува од Ливерпул, веќе е позната и неговата следна дестинација

Заврши престојот на Такуми Минамино во Ливерпул, тој е пред потпис со Монако.

Англија

Такуми Минамино не ги исполни очекувањата на Ливерпул, а можеби и не доби шанса колку што заслужуваше. Јапонецот беше солиден кога ќе влезеше во игра, но никогаш не се наметна како прва опција.

Ливерпул го продава Минамино, а купувач ќе биде Монако. Зделката е договорена за 15 милиони евра плус бонуси.

Минамино ќе потпише петгодишен договор откако ќе ги помине медицинските тестови.

Трансферот се очекува да биде потврден оваа недела.