24фудбал

Дали Ал Келаифи наговести заминување на Нејмар од ПСЖ?

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи не сакаше да потврди дали Нејмар ќе биде дел од тимот во иднина.

Франција

Нејмар се поврзува со заминување од ПСЖ, последен клуб за кој се шпекулира дека би можел да потпише е Јувентус.

„Дали Нејмар ќе биде дел од новиот проект или не? Не можеме да зборуваме за тоа јавно, некои фудбалери ќе дојдат, некои ќе си отидат. Ова се приватни преговори“, рече претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Вообичаено кога шпкеулациите за заминување на некој фудбалер се лажни, луѓето од клубот остро ги демантираат, во спротивно се случуваат вакви политички одговори како овој на Ал Келаифи.

Од тие причини некои сметаат дека ваквиот одговор на претседателот на ПСЖ е потврда дека Нејмар би можел да го промени клубот ова лето.