24фудбал

Ал Келаифи: Никогаш не сме го сакале Зидан

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи тврди дека тие никогаш не разговарале со Зинедин Зидан за да биде тренер на првиот тим.

Франција

Шпекулациите велеа дека ПСЖ силно го посакувале Зидан, но тој ги одбил затоа што сака да биде селектор на Франција.

Но, Ал Келаифи ги демантира таквите пишувања, вели дека тие никогаш не разговарале со Зидан.

„Јас го сакам Зидан, тој беше фантастичен фудбалер, неверојатен играч. Тој беше и исклучителен трнер со три титули во Лигата на шампионите. Но ќе ви кажам една работа, ние никогаш не сме зборувал со него, ниту директно, ниту индиректно. Многу клубови се заинтересирани за него, исто така и неколку национални тимови, но ние никогаш не сме зборувале со него. Кога велам ние, мислам на ПСЖ. Јас сум претседател на ПСЖ и никогаш не сум зборувал ништо со него“, вели Ал Келаифи.

Тој потврди дека тие разговараат со Ница за Кристоф Галтие, но се уште не е постигнат договор, но се надева дека брзо ќе биде постигнат.