24фудбал

Инзаги потпиша нов договор со повисока плата, но и понатаму ќе заработува многу помалку од Конте

Симоне Инзаги ја продолжи соработката со Интер, стратегот стави потпис на договор до 2024 според кој ќе заработува помеѓу 5 и 5,5 милиони евра по сезона.

Италија

Интер го официјализираше новиот договор на Симоне Инзаги, стратегот се обврза кон „нероаѕурите“ до јуни 2024 година.

Стратегот имаше импресивна деби сезона со титули во Суперкупот и Купот на Италија, во Лигата на шампиони стигна до осминафинале, а во Серија А до последно коло се бореше за титулата, па Интер реши да го награди со нов договор и повисока плата.

Се шпекулира дека во иднина тој ќе заработува помеѓу 5 и 5,5 милиони евра, што е двојно помалку во споредба со она што го добиваше Антонио Конте.