Арсенал го комплетираше трансферот на Фабио Виеира од Порто вреден околу 40 милиони евра.
Категорија: Англија 21.06.2022 18:34
Трансферот на Виеира од претходно беше најавен, а сега откако завршија сите формалности е официјализиран.
„Фабио Виеира ни се приклучи од Порто, тој потпиша долгорочен договор со клубот“, стои во соопштението на Арсенал.
Арсенал за овој трансфер ќе плати 35 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Микел Артета е повеќе од задоволен што Арсенал успеа да го купи Виеира.
„Многу сум возбуден што идентификувавме и потпишавме ваков посебен талент. Фабио е многу креативен играч кој ќе донесе квалитет и разновидност во нашата напаѓачка игра. Му посакуваме добредојде на Фабио и на неговото семејство во нашиот клуб“, вели Артета.