Кандидатот за преседател на Барселона и ривал на Жоан Лапорта, Тони Фреиша се огласи на социјалните мрежи со зајадлив коментар за трансфер активностите на „каталонците“.
Категорија: Шпанија 21.06.2022 16:19
Чави сака да направи големи промени ова лето и има идентификувано неколку засилувања, медиумите најчесто шпекулираат со Роберт Левандовски, Жил Кунде, Рафиња и Бернардо Силва.
Но клубовите немаат намера лесно да се откажат од играчите, се шпекулира дека Баерн бара најмалку 50 милиони евра за Левандовски, Севиља бара 60+ милиони за Кунде, Лидс бара и до 75 милиони евра за Рафиња, додека пак Манчестер Сити постави цена од 80 милиони евра за Бернардо Силва.
„Каталонците“ се во финансиска криза и пред да тргнат во офанзива, треба да продадат дел од имотот, а и тогаш е прашање колку ќе можат да инвестираат во нови имиња.
Кандидатот за претседател на Барселона и ривал на Жоан Лапорта, Тони Фреираш денеска се огласи на социјалните мрежжи и испрати зајадлив коментар.
„Знаете дека нема да го ангажирате ниту Левандовски, ниту Кунде, ниту Рафиња, ниту Беранандо Силва? Го знаете ова, така?“ – напиша Фреиша.