Легендарниот камерунски фудбалер, Самуел Ето доби 22 месеци затвор условно поради затајување на данок во периодот додека играл за Барселона.
Категорија: Шпанија 20.06.2022 21:20
Како и голем дел од ѕвездите кои играа во Шпанија, така и Самуел Ето затајувал данок. На ист начин е и осуден, со условна затворска казна.
Тој доби 22 месеци казна затвор, но бидејќи претходно не е осудуван, така ќе му биде условна казна, плус ќе треба да плати 1,8 милиони евра казна за штетата што ја направил на државата со затајувањето на данок.
Како што обично беше и во другите случаеви, така е и во овој, проблем се приходите од имиџ правата на фудбалерите. Во конкретниот случај Ето не ги пријавувал истите со што избегнувал да плати данок.
Со него е осуден и неговиот поранешен менаџер Хозе Марија Месалјес кој доби 12 месеци затворска казна и парична глоба.
Месалјес и Ето парите ги префрлале на фирма со седиште во Унгарија каде има најмали даноци од земјите во ЕУ.