24фудбал

Тони Крос одбил да потпише нов договор со Реал, што се крие зад одлуката на Германецот?

Реал Мадрид му понудил нов договор на Тони Крос но Германецот во моментов не сака да ја продолжи соработката, ќе почека да види како ќе се одвива сезоната и дали ќе може да игра на врвно ниво и во иднина.

Шпанија

Реал Мадрид неодамна го продолжи договорот на Лука Модриќ, се очекува наскоро да пристигнат вести и за продолжување на соработката со Винисиус Жуниор, но запнале работите кога е во прашање новиот договор на Тони Крос.

Како што пренесува Кадена СЕР, Германецот во моментов не сака да стави потпис на нов договор, ќе почека да види како ќе се одвива сезоната и потоа ќе одлучи што ќе прави. Тони Крос не сака да биде товар, и ќе стави потпис на нов договор само доколку игра на врвно ниво и во иднина.

Во неколку претходни интервјуа, Тони Крос говореше за плановите за пензија и ја спомна 2023 како идална година да ги обеси копачките на ѕид.

„Верувам дека 2023 година е соодветна за пензија, тогаш ќе имам 33 години. Ќе одлучам дали да го продолжам или нема да го продолжам договорот на една или две години, има простор за дикусија, но сигурен сум дека ќе се пензионирам во Реал Мадрид“ – рече Тони Крос минатото лето.