24фудбал

Хенес: Ако се оствари тоа што ми го покажаа, Баерн ќе има страшен тим и тоа со Левандовски во него

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека „баварците“ ќе имаат страшен тим доколку се остварат плановите кои му биле презентирани.

Германија

Баерн Минхен веќе потврди две засилувања, од Ајакс пристигнаа Мазрауи и Гравенберх, а наскоро се очекува да биде соопштен и трансферот на Садио Мане.

„Интензивно се работи на новиот тим. Доколку се оствари она што ми беше презентирано минатата недела, ќе имаме страшен тим и тоа со Левандовски во него“ – вели поранешниот претседател Ули Хенес.

Полјакот во неколку наврати јавно изјави дека е завршена неговата авантура во Минхен и побара да биде продаден, Барселона е неговиот избор за следна дестинација. „Баварците“ пак неколку пати порачаа дека напаѓачот има уште една година од договорот и ќе остане.

„Работите не се одвиваат онака како што сакаат тој и неговиот агент, па затоа се малку нервозни. Ги советувам сите инволвирани да бидат малку објективни и да не дозволат ситуацијата да ескалира“.

„Сонцето одново ќе ги огрее Левандовски и Баерн“.