24фудбал

Инцидент во Мајорка: Бугатито на Роналдо заврши во ѕид (ФОТО)

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека автомобил во сопственост на Кристијано Роналдо бил инволвиран во сообраќајна несреќа во Мајорка, ЦР7 не бил зад воланот на автомобилот вреден нешто над 2 милиони евра.

Шпанија

Кристијано Роналдо со семејството е на одмор во Мајорка, каде има изнејмено луксузна вила, а за да ужива во стил, одлучил да испрати и два автомобили на шпанскиот остров.

Медиумите сега пренесуваат дека еден од автомобилите утрово имал сообраќајна незгода, се работи за Бугати Вејрон вреден нешто над 2 милиони евра.

Информациите велат дека Кристијано Роналдо не бил зад воланот, автомобилот бил управуван од вработен кој бил задолжен за транспортот. Се уште се испитуваат деталите, а првичните извештаи велат дека возачот загубил контрола и удрил во ѕид од еден објект крај патот.