24фудбал

Реал го промовираше Ридигер, Перез му порача: Доаѓаш во клубот кој има 14 титули во Лигата на шампиони

Реал Мадрид попладнево го промовираше Антонио Ридигер како ново засилување за сезоната 2022/23 година, дефанзивецот се заблагодари за укажаната шанса.

Шпанија

Антонио Ридигер ја имаше својата промоција во Реал Мадрид, дефанзивецот заедно со Флорентино Перез стави потпис на договорот и се појави пред медиумите.

„Денес е специјален ден за сите мадридисти, пристигна фудбалер кој ќе не направи посилни. Пристигна фудбалер кој ќе го остави срцето на терен, пристигна еден од најдобрите дефанзивци во светот, пристигнва Антонио Ридигер“ – рече првиот човек на „кралевите“.

„Драг Ридигер, од денеска си дел од клубот кој има 14 титули во Лигата на шампионите. Задоволни сме што имаме играч како тебе и што ќе ти помогнеме да ги оствариш соништата“.

„Имаше можност да одбираш помеѓу неколку клубови, а ти го одбра Реал Мадрид, го одбра дресот со кој никој никогаш не се откажува и дресот со кој се остваруваат невозможни цели“.

За новата авантура, Германецот рече: „За мене и моето семејство, овој ден е специјален. Најпрво сакам да им се заблагодарам на моите родители за поддршката во текот на целиот живот, без нив немаше да стигнам до тука. Исто така сакам да му се заблагодарам на претседателот на Реал Мадрид што ми укажа шанса да играм за овој голем клуб. На навивачите сакам да им порачам дека ќе го дадам максимумот, сакам да ги освојам сите титули. Хала Мадрид!“