24фудбал

Ново лето, различна дестинација, исти навики: Џек Грилиш потрошил 80.000£ за 116 шишиња шампањ

Најскапиот англиски фудбалер, Џек Грилиш повторно е во фокусот на јавноста за своите лудории надвор од терените, ѕвездата на Манчестер Сити потрошил 80.000 фунти за 116 шишиња шампањ во еден ноќен клуб во Лас Вегас.

Англија

Џек Грилиш стана најскапиот англиски фудбалер и рекорден трансфер во Премиерлигата откако Манчестер Сити одлучи за неговите услуги да плати 100 милиони фунти.

Тој можеби не се прослави со соите настапи во првата сезона на „Етихад“ но затоа повторно е во фокусот на јавноста поради своите лудории надвор од терените.

Дестинацијата е различна но навиките се исти, па пијаниот Џек Грилиш ги полни насловните страни на таблоидите, кои редовно известуваат за неговите забави.

Англичанецот со пријателите во моментов е во Лас Вегас, и како што пренесуваат медиумите, ѕвездата на Манчестер Сити потрошил 80.000 фунти за 116 шишиња шампањ во еден ноќен клуб.