24фудбал

Чурлинов: Штом Шалке не ме сака, ќе дадам сѐ од себе за Штутгарт

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов во наредната сезона би требало да настапува за Штутгарт откако Шалке не постигна договор за негово останување.

Македонија

Чурлинов имаше добра сезона во Шалке каде играше како позајмен фудбалер од Штутгарт. Нашиот фудбалер сакаше да продолжи во клубот од Гелзенкирхен, но Шалке не се договори со Штутгарт.

Штутгарт за Македонецот бараше три милиони евра, сума која му беше висока на Шалке, а не се договорија ниту за нова позајмица.

„Уживав во изминатата сезона во Шалке со кој обезбедивме место во Бундеслигата, уживав со навивачите. Но, штом Шалке не успеа да најде договор со Штутгарт и штом не сакаат да продолжам, тогаш се враќам во Штутгарт каде имам уште две години од договорот и ќе дадам сѐ од себе за да ги оствариме целите“, изјави Чурлинов.