24фудбал

Педри: Некои клубови се задоволни да победуваат на било кој начин, но тука во Барса е поинаку

Големата надеж на Барселона, Педри вели дека во Барселона сакаат да победуваа играјќи го својот фудбал, со посед на топка и креирање на шанси.

Шпанија

Барселона минатата сезона ја заврши без трофеј, за разлика од нив Реал Мадрид триумфираше во Ла Лига, Лигата на шампионите и шпанскиот Суперкуп.

До финалето од Лигата на шампионите, Реал Мадрид често страдаше на натпреварите, но се враќаше во финишот и доаѓаше до тие легендарни победи.

Во интервју за Гардијан, Педри можеби и го пецна Реал Мадрид велејќи дека некои клубови се задоволни да победуваат на било каков начин, а Барселона со добра игра.

„Некои клубови се задоволни со победувајќи на било кој начин. Барселона сака да победува, но играјќи со топката, креирајќи шанси, со таа идеја. Овој фудбал повеќе ми се допаѓа“, вели Педри.

„Мислам дека фудбалот сега повеќе се сведува на фудбалери кои трчаат повеќе отколку кои се технички и ја разбираат играта“.

„Фудбалот стана пороботски, но се уште има некои кои го кршат тоа правило. Јас се уште сакам да уживам на теренот. Секогаш го правам и тоа е најдобрата работа што може да ја прави фудбалер. Доколку уживате, ќе го играте мечот многу подобро“.