24фудбал

Рафиња одбива побогати понуди од Премиерлигата но нема вечно да ја чека Барселона

Мундо Депортиво пренесува дека Рафиња бара од Барселона цврсти гаранции дека ќе го купат ова лето, Бразилецот има побогати понуди од Премиерлигата но во моментов приоритет му е преселба на Камп Ноу.

Шпанија

Рафиња е една од желбите на Чави за засилување на нападот, но Барселона се уште калкулира и не преговара со Лидс за трансфер.

Според Мундо Депортиво, неговиот агент Деко следната недела ќе пристигне во Шпанија на состанок со раководството на Барса и ќе побара цврсти гаранции за реализирање на зделката.

Рафиња има неколку понуди од Премиерлигата, интерес за неговите услуги пројавуваат Ливерпул, Арсенал и Челси. Тие му нудат повеќе пари, но негов приоритет во моментов е преселба на Камп Ноу и подготвен е на „каталонците“ да им даде одреден простор но нема вечно да ги чека.