24фудбал

Роналдо сака да ги спои Марсело и Дани Алвеш во еден тим

Бразилскиот Роналдо кој е сопственик на Ваљадолид, сака во својот тим да ги донесе Марсело и Дани Алвеш.

Шпанија

Иако двајцата се легенди на лутите ривали Барселона и Реал Мадрид, Дани Алвеш и Марсело во следната сезона би можеле да играат заедно во Ла Лига.

Ваљадолид на Роналдо се врати во Ла Лига, и би било интересно доколку двајцата бразилски бекови зиграат за овој тим заедно.

Марсело и Дани Алвеш се слободни фудбалери и можно е да се случи едно вакво сценарио какво што најавуваат шпанските медиуми.