24фудбал

Тухел пикираше напаѓач кој повеќе му одговара од Лукаку

Тренерот на Челси, Томас Тухел сака во својот тим да го донесе фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Англија

Томас Тухел е голем фан на крилниот напаѓач на кој договорот му истекува по крајот на следната сезона. Се верува дека Стерлинг повеќе му одговара за стилот кој го преферира, откаколку Ромелу Лукаку.

Лукаку е на излезна врата од Челси, би требало да замине на позајмица во Интер, а Тухел сака со Стерлинг да го засили нападот.

Според „Скај Спортс“ зделката може да биде комплетирана за 60 милиони фунти.