24фудбал

ПСЖ го убедувал Винисиус да не потпише нов договор со Реал и му ветувал неверојатна плата од 40 милиони евра

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ го убедувал Винисиус Жуниор да не става потпис на нов договор со Реал Мадрид и да се пресели во Париз како слободен играч, му ветувале плата од неверојатни 40 милиони евра по сезона.

Шпанија

Флорентино Перез пред неколку дена гостуваше во емисијата „Ел Чирингито“ и откри дека Винисиус Жуниор добил неколку понуди, но младиот Бразилец на ум има само продолжување на соработката со Реал Мадрид.

Последните информации велат дека ПСЖ го убедувал Винисиус да не става потпис на нов договор, и му ветувале плата од неверојатни 40 милиони евра по сезона доколку пристигне во Париз како слободен играч.

Како ова да е малку, па ПСЖ му ветувал и дарежлив бонус за потпис, како и бизнис можности во Катар.

Бразилецот сепак не го интересирале парите и наскоро ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид со кој ќе заработува помеѓу 10 и 12 милиони евра по сезона.