24фудбал

Тен Хаг има две приоритетни желби за нови засилувања, раководството на Манчестер јунајтед е на потег

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг му соопштил на раководството на клубот дека ги сака Френки де Јонг и Кристијан Ериксен како приротетни засилувања.

Англија

Тој побарал од клубот да му ги донесат Де Јонг и Ериксен прво, а потоа да се насочат и кон други. Без тие двајца не би можел да го игра стилот на фудбал кој сака да го внесе во Манчестер јунајтед.

Стилот на Тен Хаг е налик на играта на Барселона и Ајакс, а двајцата фудбалери кои ги сака беа дел од холандскиот клуб и многу лесно ќе го разберат стилот кој треба да се практикува.

Френки де Јонг е скапо засилување, но се верува дека Манчестер јунајтед може да се договори со Барселона за негов ангажман.

Кристијан Ериксен е слободен играч по одличната сезона во Брентфорд и треба само да биде убеден дека ќе има значајна улога во составот на Јунајтед.