24фудбал

„Не ми се верува, Мане ќе си ги уништи двете најдобри години од животот со тоа што ќе оди во Баерн“

Поранешниот играч на Ливерпул, Дин Сондерс вели дека не ја разбира одлуката на Садио Мане да го замени Ливерпул со Баерн Минхен, смета дека Бундеслигата не може да се споредува со Премиерлигата.

Англија

Иако не е официјално, Садио Мане е на чекор до преселба во Минхен откако Ливерпул и Баерн постигнаа компромис и договорија трансфер вреден 41 милион евра.

Вавкиот развој на настаните не му се допаѓа на Дин Сондерс, поранешниот играч на Ливерпул не го разбира потегот на Сенегалецот да ја замени Премиерлигата со Бундеслига.

„Не ми се верува дека го напушта Ливерпул, не знам како дојде до оваа ситуација. Има 30 години, и од долгиот период во кој е дел од клубот, во последните шест месеци ги прикажуваше најдобрите партии, понекогаш беше незапирлив, најдобар поединец“ – вели Дин Сондерс.

„Немам ништо против Баерн, се работи за голем клуб, но првенството не е ни приближно предизвик за Мане. Ќе постигнува голови, ќе победуваат 5-0 секоја недела, само еден тим може да биде шампион во тоа првенство. Тоа не е предизвик. Удобно ќе седи во фотелјата, ќе запали пура, ќе игра за Баерн во трета брзина и ќе ги уништи најдобрите две години од својот живот како фудбалер“.

„Кога ќе стави крај на кариерата и ќе го покажува ормарчето со трофеи, медалот за триумф во Бундеслигата ќе стои на крајот“.