24фудбал

Милан ги губи Санчез и Ботман, а може да го изгуби и Малдини!

Се погласни се шпекулациите дека Ренато Санчез ќе заврши во ПСЖ, а Свен Ботман ќе потпише за Њукасл, двете цели на Паоло Малдини Милан ќе ги загуби затоа што клубот не сака да плати соодветно обесштетување за нив.

Италија

Милан уште пред неколку месеци ги договори личните услови со Ренато Санчез, но никогаш досега не успеа да постигне договор со Лил за обесштетувањето.

Лил бара 30 милиони евра за Санчез, Милан нуди двојно помалку, 15. Португалскиот фудбалер сакаше трансфер на Сан Сиро, но работите се менуваат.

Во игра влегол и ПСЖ кој ја плаќа сумата од 30 милиони евра, а клубот имал контакт со претставниците на Ренато Санчез и се верува дека го убедиле фудбалерот да се пресели таму.

Сличен проблем Милан има со Свен Ботман. Њукасл нуди повеќе и ќе го добие дефанзивецот.

Според „Калчомеркато“, во позадина во Милан има тензија меѓу Паоло Малдини и клубот.

Договорите на Малдини и Масара истекуваат на 30 јуни, а се уште не потпишале нови договори. 

Доколку Милан навистина го испушти Ренато Санчез, се верува дека тоа може да биде клучен момент за Малдини да не го продолжи договорот со клубот и да замине.

Малдини заврши голема работа досега, тој е еден од клучните за успехот на Милан, но клубот не сака да го зголеми буџетот за трансфери и покрај освоеното Скудето. 

Навивачите на Милан стравуваат дека евентуално заминување на Малдини може да ја наруши атмосферата во тимот, а тоа да влијае и на резултатите на теренот.