24фудбал

Озил може да престане да игра фудбал и да почне да се натпреварува во видео игри

Агентот на Месут Озил, Ергут Согут вели дека Месут Озил може да се префрли во еСпортот доколку Фенербахче одлучи да се откаже од поранешниот германски репрезентативец.

Германија

Фенербахче го исфрли Озил од првиот тим поради дисциплински причини, неговата иднина е неизвесна. Не се отфрла можноста ова да е и крај на неговата кариера.

33-годишниот Озил одамна изгледа незаинтересирано за фудбал, многумина велеа дека премногу играл видео игри и тоа е точно. Неговиот агент вели дека тој може да се префрли и во еСпортот.

„Тој би можел да се префрли во еСпортот, да биде играч. Навистина е добар, искрено. Одличен е во Фортнајт и не би бил изненаден ако почне да се натпреварува“, вели агентот Ергут Согут.

„Озил е сопственик на тим за видео игри, „М10 Еспорт“ и има играчи. Има куќа за играње во Германија. Во ФИФА и Фортнајт е добар исто како и во фудбалот“.