24фудбал

Трагедија во Аргентина, почина 21-годишен фудбалер

Младиот фудбалер на Атлетико Тукуман, Фабрисио Наваро починал во сон од срцев удар.

Јужна Америка

Аргентинскиот клуб Атлетико Тукуман ја информираше јавноста за трагична вест. Нивниот 21-годишен фудбалер Фабрисио Наваро бил пронајден мртов во својот дом. 

Докторите само констатирале дека тој починал од срцев удар додека спиел.