24фудбал

Реал ќе го задржи Бензема до 2024, потоа ќе го купи Халанд

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот на Карим Бензема до јуни 2024 година, планот е потоа да го донесе Ерлинг Халанд како наследник на Французинот.

Шпанија

„Кралевите“ останаа без големото летно засилување откако Килијан Мбапе реши да стави потпис на нов доогвор со ПСЖ.

Според Марка, Реал Мадрид нема да се обиде да донесе друго име за нападот и ќе го продолжи договорот на Карим Бензема до јуни 2024 година.

Планот е потоа да се тргне по потписот на Ерлинг Халанд, се верува деак во договорот на Норвежанецот со Манчестер Сити има откупна клаузула која се активира летото во 2024 година.

Сумата е 150 милиони евра и Реал Мадрид има финансиска моќ да си дозволи една ваква зделка.