24фудбал

Смешна одлука на УЕФА, еден меч суспензија за Леонардo, нема казна за Ал Келаифи за нападот врз судиите во ЛШ

УЕФА уште еднаш му прогледа низ прсти на ПСЖ, примитивното однесување на Леонардо и Ал Келаифи на мечот на Сантијаго Бернабеу по поразот од Реал Мадрид речиси и да помина без казна.

Лига на Шампиони

По поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Леонардо се симнаа во соблекувалните и насилно се обидоа да влезат кај судиите. Тоа стоеше во судискиот записник на судијата Дани Макели. Во деталите од извештајот стои дека тие ја блокирале вратата, а Ал Келаифи намерно удрил едно од знаменцата на помошниците и го скршил.

Дополнително, Ал Келаифи смртно му се закани на новинар на „Марка“ кој снимил дел од инцидентот. Претседателот на ПСЖ му рекол дека ќе го убие ако не го избрише снименото.

Но, ваквото примитивно однесување на високите луѓе во ПСЖ, кое можеби е типично за некои селски лиги, помина неказнето од УЕФА.

Леонардо кој и онака нема да биде во ПСЖ, добил еден меч суспензија од натпреварите во Лигата на шампионите, а Насер Ал Келаифи не добил никаква казна.

Со ова УЕФА уште еднаш ја покажа наклонетоста кон ПСЖ и претседателот Ал Келаифи кој е член на Извршниот комитет како претставник на ЕКА (Европската клупска асоцијација) чиј претседател е.