24фудбал

Официјално: Талески е нов голман на Шкендија

Досегашниот голман на Струга Трим Лум, Давор Талески се пресели во Шкендија со која потпиша тригодишен договор.

Македонија

Се очекуваше дека Талески ќе потпише нов договор со Струга Трим Лум, но Шкендија успеа да го предомисли и да го донесе во својот тим.

Тој вели дека сон на секој голман од Македонија е да брани за Шкендија.

„Среќен сум што дојдов во Шкендија, желба на секој голман од Македонија е да игра во овој клуб. Ова е голем предизвик за мене, зашто Шкендија секоја година игра во Европа и тоа е шанса секојпат да ги покажете квалитетите и потенцијалот. Благодарност до раководството што ми укажаа ваква шанса, а јас можам да ветам дека ќе бидам максимално посветен“, рече Талески.