24фудбал

Тотнем го претстави и третото засилување

Ив Бисума стави потпис на договор со Тотнем, тој е третото засилување за Антонио Конте во летниот преоден рок, по Перишиќ и Фостер.

Англија

Даниел Леви му го засилува тимот на Антонио Конте кој побара нови фудбалери, иако е рано во преодниот рок, Тотнем комплетираше веќе три засилувања.

По Иван Перишиќ и Фрејзер Фостер, денес е потврден и трансферот на Бисума кој доаѓа од Брајтон за 25 милиони фунти плус уште 10 милиони фунти во бонуси.

За Бисума интерес имаше и од Арсенал, Астон Вила и Евертон, но Тотнем ја доби битката.