24фудбал

Официјално: Попзлатанов се врати во Вардар

Вардар го претстави и второто засилување за новата сезона, потпиша договор со Јован Попзлатанов кој е повратник во црвено-црните бои.

Македонија

Попзлатанов минатата сезона настапуваше за Македонија Ѓорче Петров, не го продолжи договорот со освојувачот на македонскиот куп и реши да ја прифати понудата од Вардар.

„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб.  Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона“, стои во соопштението на Вардар.

Попзлатанов претходно беше член на Вардар од 2018 до 2021 година.

Тој минатата сезона одигра 31 натпревар за Македонија ЃП во Првата лига, имаше одличен учинок од девет асистенции и четири гола.

Попзлатанов е второ засилување за Вардар, претходно клубот потпиша со Симеон Христов.