24фудбал

Родриго откри што му кажал Модриќ на Салах по триумфот на Реал во Лигата на шампиони

Лука Модриќ се мајтапел со Мохамед Салах по триумфот на Реал Мадрид над Ливерпул во финалето од Лигата на шампиони, му порачал дека следната година повторно ќе има шанса да се обиде да триумфира во најелитното европско натпреварување.

Лига на Шампиони

Мохамед Салах беше „најзагреан“ за пресметка со Реал Мадрид, Египјанецот јасно кажа дека преферира да ги одмери силите со „кралевите“ а не со Манчестер Сити со цел да се одмазди за неуспехот од 2018 година.

„Црвените“ важеа за фаворити во финалето во Париз, но Реал Мадрид беше тој кој на крајот се радуваше на нова титула во Лигата на шампиони.

Па по крајот на натпреварот, Лука Модриќ решил малку да се помајтапи со Египјанецот.

„Морам да ви кажам една смешна анегдота која се случи по крајот на финалето од Лигата на шампиони. Направивме коридор за фудбалерите на Ливерпул, Салах помина видно разочаран а Модриќ му пријде, го поздрави и му рече, „Ајде, следниот пат пак ќе се обидеш...“““ - раскажува Родриго.