24фудбал

Порто го потврди трансферот на Фабио Виеира во Арсенал и откри колку ќе платат „топчиите“

Порто со известување до берзата го потврди трансферот на Фабио Виеира и откри дека „топчиите“ ќе платат 40+5 милиони евра за 22 годишниот фудбалер од средниот ред.

Англија

Синоќа се појавија информации дека Арсенал е пред ангажман на Фабио Виеира од Порто, а веќе денеска пристигна официјална потврда.

Клубот од „Драгао“ со известување до берзата го потврди трансферот на 22 годишниот фудбалер од средниот ред во Северен Лондон.

Порто исто така откри дека „топчиите“ ќе платат 40 милиони евра за услугите на Фабио Виеира, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.