24фудбал

Баерн Минхен и Ливерпул седнуваат на финални преговори за Садио Мане

Големи се шансите наскоро да биде договорен трансферот на Мане од Ливерпул во Баерн Минхен, наскоро почнува нова рунда преговори.

Германија

Баерн Минхен ќе испрати подобрена понуда за Мане која се верува дека ќе биде прифатена од Ливерпул.

Ситуацијата сега е променета, Ливерпул го ангажираше Давин Нуњез со што обезбеди замена за Мане.

Влијание може да има и фактот што Ливерпул од Баерн Минхен евтино го купи Тиаго, платија 20 милиони фунти плус 5 милиони фунти во бонуси.

Поради тоа не се очекува Ливерпул да бара некоја висока сума која Баерн Минхен не планира да ја понуди.

Кога Баерн Минхен ќе го добие Мане, би требало да се отвори и излезната врата за Роберт Левандовски.