24фудбал

Барселона подготвува нова понуда за Левандовски, напаѓачот чека

Барселона наскоро ќе испрати уште една официјална понуда до Баерн Минхен за Роберт Левандовски кој очајно посакува преселба на Камп Ноу.

Шпанија

Барселона подготвува нова понуда за Левандовски. Одличниот однос на Лапорта со агентот Захави помага напаѓачот да ги чека Каталонците да се договорат со Баерн Минхен.

Приоритет на Левандовски е Барселона, иако има понуди и од Челси и ПСЖ. Тој прво ќе почека да види дали Барса ќе успее да се договори со Баерн.

Се верува дека Баерн Минхен откако ќе потпише со Садио Мане, би можел да го продаде Левандовски на Барселона за разумна отштета.